Добредојдовте
 Хотел Коцарев се наоѓа два километри од Охрид, на автопатот Охрид - Скопје. Неговата локација и природните опкружувања нудат единствена атмосфера што го задоволува секој гостин; близината на планината и езерото се само дел од понудата што ја нуди овој хотел за совршен одмор.
 
Хотелот нуди удобно сместување во 2 единечни, 23 двокреветни и 10 трокреветни соби. Сите соби се модерно опремени, вклучувајќи САТ-ТВ, биро, телефон и интернет конекција.
 
Капацитетот на ресторанот е 350 гости. Се служи разновидна храна: традиционална македонска и интернационална кујна.
Отворените тераси се пристапни најголем дел од годината каде што можете со часови да уживате во сонцето преку ден, или со пијалок во пријатните летни ноќи.
 
Се нудат следните услуги: перење и пеглање алишта, паркинг (достапен преку целиот ден и надгледуван со монитори 24/7), брза Wi-Fi конекција. Ресторанот е целосно климатизиран.
 
Хотел Коцарев Ви посакува пријатен престој!